Видео
Брижит Макрон кума на првата панда родена во Франција (ВИДЕО)
Првата панда родена на француско тло, по четири месеци доби и име, за коешто решаваа претставници од Кина и француската прва дама Брижит Макрон.
Мечето се вика Јуан Менг, што на кинески значи „остварување желба” или „достигнување на сонот”, а „свеченото крштевање“ се одржа во зоолошката градина „Бовал“ во Париз. На настанот присуствуваа стотина новинари.
– Јуан Менг е врска меѓу две земји кои навистина имаат многу да споделат. Пандите се илустрација на секогаш продуктивниот дијалог меѓу нашите два народа, кои со векови се чуваат, слушаат и разбираат едни со други, нагласи Брижит во своето прво официјално обраќање, откако нејзиниот сопруг Емануел Макрон стана претседател на Франција.
На снимките се гледа и како малата панда го „напаѓа“ придружникот на првата дама на Франција, кога тој сакаше да ја погали.
По традиција, Кина и овојпат го задржа правото да ја именува пандата, иако таа е родена вон земјата. А, Брижит Макрон, којашто официјално е кума на мечето, само го објави неговото име.