Магазин
Брус Вилис стана дедо во најлошите моменти од животот: Ќерката Румер роди девојче
Холивудскиот актер Брус Вилис (68) стана дедо откако неговата ќерка Румер (34) пред неколку дена го роди девојчето Луета Исли.
Румер, инаку пејачка и актерка, е ќерка на Брус и неговата поранешна сопруга Деми Мур (60), а татко на малата Лует е нејзиниот долгогодишен партнер музичарот Дерек Ричард Томас.
– Луета Ајли Томас Вилис. Ти си чиста магија. Ти си повеќе од се што сме сонувале – напишаа гордите родители покрај фотографијата од малото девојче, а честитки пристигнаа од сите страни.
Двојката го прослави новото пристигнување собирајќи ги најблиските пријатели и семејството. Присутни беа мајката на Румер, Деми и маќеата Ема, но Брус го немаше на снимката.
Да потсетиме, минатата година му беше дијагностицирана деменција и афазија која влијае на говорот и мораше да се повлече од актерството.