Магазин
ЦЕЛА НЕДЕЛА БЕЗ ШЕЌЕР: Вклучете се во #NoSugarWeek предизвикот
Оваа година и Македонија се вклучува во еднонеделниот #NoSugarWeek предизвик кој има за цел да даде поддршка на болните од дијабетес.
Учесниците во предизвикот, кој ќе трае од 7 до 14 февруари, треба целосно да го исфрлат шеќерот и слатките работи од нивната дневна исхрана и секојдневно јавно да го објавуваат нивното дневно мени.
На светско ниво повеќе од 1 милион луѓе ќе ја објавуваат нивната дневна исхрана со хаштагот #NoSugar и #NoSugarWeek, а поддршка кон кампањата најавија и голем број холивудски ѕвезди, спортисти и јавни личности.
Инаку, шеќерот е скриен убиец, дебелее, го заслабнува имунолошкиот систем и ги прави крвните садови поподложни на пукање. Го оптеретува панкреасот и многукратно ја зголемува можноста да се заболи од дијабетес и е еден од главните фактори за создавање на кариес.
Го одзема калциумот од коските и го закиселува организмот што создава плодна почва за развој на инфекции. Ги храни габичните организми како Кандида Албиканс. Огромна е листата на пореметувања што настануваат од редовна употреба на сахароза во исхраната.
Секој што се стреми кон оптимално здравје, да изгледа убаво, да биде фит и во одлична физичка кондиција, ќе му направи огромна корист на сопствениот организам ако конзумира шеќер во што помала количина и што поретко со што ќе направи битен чекор кон стекнување совршено здравје, силен имунолошки систем и забавено стареење на организмот.
Совршен момент да ја започнете вашата долгопланирана диета!