Занимливости
Чеси сакале одмор во Ница, а завршиле во Ниш
Четворица млади Чеси се упатиле на одмор во Ница, но по грешка завршиле во Ниш во Србија, пишуваат чешките и словачките медиуми.
Организаторите на нивнот краток предбожикен одмор во Франција ги збуни новата линија на компанијата Рајанер Братислава – Ниш, и поради сличните имиња на двата града, резервирале авионски билет за лет во Србија.
Рајанер во Словачка рекламира продолжени викенди во Ниш и редовни летови од 31 октомври.
Двете двојки од Чешка наместо сонце во Ница, вчера ги дочека облачно небо во градот Ниш на јужниот дел на Србија, и со неверување го прашале екипжот на Рајанер, зошто не се во Франција, изјави денеска за словенечкиот портал Topky.sk еден од членовите на екипажот.
Чесите во Ница имале резервирано хотел и изнајмен автомобил, но во Ниш ќе останат се до петок, затоа што тогаш имаат лет за Братислава.