Занимливости
Четири карактеристики кои мажите ги сакаат кај жените
Иако жените мислат дека е доволно да бидат само убави, нашминкани и максимално дотерани за да го освојат мажот, посилниот пол има други приоритети и бара поинакви вредности.
Мажите сакаат:
1. Независна жена
Секоја жена која е независна во почетокот го привлекува мажот. Не е важно дали финансиски, станбено или емотивно е поткована, на нив најважно е да покрај себе имаат партнер кој има и други квалитети и цели освен тоа да биде во врска или во брак. Мажите исто така, сакаат и гп почитуваат силениот карактер на жената. Тие не сакаат поради нив жената да ги занемарува пријателите и семејството.
2. Физичка привлечност
Физичката привлечност меѓу мажот и жената не е најважна, но не може да се каже дека не е важна. Сепак, тука не се работи за прва средба, туку за тоа дека посилниот пол сака кога девојката или жената покрај него се грижат за нивниот физички изглед.
3. Емотивна зрелост
Ниту еден мажн покрај себе не сака припадничка на понежниот пол која не го разбира и на детски начин му префрла работи, кои наизглед се комплицирани, а всушност се едноставни. Безпотребни испитувања и повици кога не е потребно, се работи што навистина иритираат.
4. Позитивни жени
Ниту еден човек, па така ни мажот, не сака негативни личности со кој е близок. Доколку подоцна во врската се покаже вашето вистинско лице, не очекувајте добар крај. Бидете весели, секогаш подготвени за акција и тогаш целосно ќе биде ваш.