Занимливости
„Црниот петок“ во САД започна со шега
Таканаречениот „Црн петок“, тренд на претпразнични намалувања на цените, кој во последниве години од САД се прошири низ цел свет, многу често се претвора и во обична пародија.
Имено, твитерџија под називот @OverlyLiked објави оглас дека продава елек од супермаркетите „Волмарт” со кои би го „прескокнале редот”…
– Продавам елек „Волмарт“ за 100 долари. Искористите го за да го прескокнете редот, а можете и да се прошетате во просториите и да изнесете што и да посакате, објави тој.
Твитот е споделен илјадници пати, па го привлече вниманието и на медиумите. Меѓутоа, оваа „несолена шега“ послужи и како инспирација од стотици слични огласи за униформите од тој познат синџир супермаркети.
Цените се движат од 30 долари, па се до неколку стотици долари.