Занимливости
Цукерберг си зема двомесечен одмор за раѓањето на неговата втора ќерка
Основачот на социјалната мрежа Фејсбук, Марк Цукерберг, си зеде двомесечен одмор за раѓањето на својата втора ќерка, пренесе ТАСС.
„Нашата втора ќерка наскоро ќе се појави на свет и планирам повторно (како и при раѓањето на првата) да си земам одмор од два месеца“, напиша тој на својот профил.
Цукерберг прецизира дека во вакви околности компанијата на своите вработени има дава четири месеца одмор, кои можат да се искористат наеднаш или одделно.
Тој планира да отсуствува еден месец сега и потоа целиот декември.
„Сигурен сум дека кога ќе се вратам канцеларијата уште ќе ми биде на истото место“, се пошегува идниот татко.
Цукерберг и Присила Чан се запознале пред приближно 14 години, како студенти на универзитетот Харвард. Тие се зедоа во 2012 година, а по три неуспешни бремености нивната прва черка Макс се роди во 2015 година.
Фејсбук е меѓу водечките социјални мрежи во светот. Таа е основана на 4 февруари 2004 година од Цукерберг и тројца негови колеги од студии.
Во моментов тој е на чело на компанијата, а списанието „Форбс“, на почетокот на месецов процени дека неговото богатство изнесува приближно 58 милијарди долари.