Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Дали бабите и дедовците треба да бидат платени за чувањето на внуците?

Занимливости

Дали бабите и дедовците треба да бидат платени за чувањето на внуците?

Порталот Мамамиа, по писмо од читателка, отвори дебата на друштвените мрежи околу тоа дали бабите и дедовците треба да земаат пари за тоа што ги чуваат внуците, додека родителите се на работа.

– Тие имаат и премногу обврски. Мајка ми ги чува децата, ми ги пере алиштата и ми ги мие садовите. Не излегува од мојот дом се до 17:00 часот, додека јас не се вратам, вели во писмото анонимната читателка, инаку мајка на три деца.

Од друга страна пак, некои го сметаат тоа за благослов за децата.

– Тоа е прекрасен дел од детството, ако бабите и дедовците живеат во близина. Децата се посреќни, а и бабите и дедовците го сметаат тоа привилегија, така што родителите не треба да се чувствуваат виновни, гласи коментар на друга мајка.

– Генерално, бабите и дедовците не сакаат да бидат платени за тоа, гласи друг коментар.

Тоа го потврди и една засегната баба.

– Јас сигурно не би сакала моите деца да ми плаќаат за тоа што ги чувам моите внуци. Уживам во тоа, вели таа.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.