Занимливости
Дали би пробале Трамп пица или канадски специјалитет „Путин“
Американскиот и рускиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин толку многу се популарни што не поминува ден, а светските медиуми да не напишат по некоја реченица за нив. Нивната популарност не ја докажуваат само весниците, туку и генијални претприемачи, па така во Канада и Нов Зеланд се прават јадења со нивните имиња.
На Нов Зеланд една пицерија нуди пица наречена по Доналд Трамп, а таа е во согласност со политичките планови на американскиот претседател поделена на два дела: на американски и мексикански, а на средина се наоѓа „ѕид“ како оној за кој Трмп зборуваше во текот на кампањата, па и сега кога е претседател, а направен е од посебен сос. Како што велат тие кои ја пробале, ѕидот е највукусниот дел од пицата, а тоа го тврди и сопственикот на ресторанот Логан Бек.
Доколку можеби не сте љубители на пица, тогаш морате да го пробате јадењето „Путин“ (poutin), по потекло од Квебек во Канада. Тоа се прави од помфрит и сирење кајмак и прелив со светло-кафен сос.
Оваа брза храна е омилена во Канада, а може да се најде и во северниот дел на САД. Обично се продава на секој чекор во киосци, мали кафулиња и на места кои се викаат „путинерии“, а тие го прават и продаваат само ова јадење. Се верув дека настанало во руралните средини на Квебек, кон крајот на 50-те години од минатиот век.
Доколку не сте го пробале ова јадење, Канаѓаните велат, ако не сте, не живеете во потполност, еве едноставен рецепт:
Загрејте го маслото во некоја длабока тава, загрејте на страна говедски сос околу 300 грама (како кога се прави гулаш). Потоа се сечат компири за помфрит и пржете ги во длабоко масло околу пет минути. Кога ќе се добие златна боја се става на чинијата, преку него ставете кајмак. На крајот се прелева со загреан сос и уживајте.