Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Дали е безбедно да се патува во Париз?

Магазин

Дали е безбедно да се патува во Париз?

И покрај соопштението дека Франција ги затворила своите граници за сега нема измени во сообраќајот на авионите, возовите и траектите, а сите туристички атракции повторно се отворени вчера попладне.

Во меѓувреме анагажирани се голем број полицајци, а зајакната е и граничната контрола, што значи дека претстојот во Париз би требало да биде безбеден. Со оглед на зајакнатите безбедносни мерки, поголеми се шансите за доцнење на летовите и застој на патиштата, вели туристичкиот новинар, Ник Тренд.

Сепак Министерството за надворешни работи на Велика Британија ги советуваше своите граѓани да бидат внимателни на јавните места и да ги следат упатствата на локалните власти, особено движењето во градот  да се сведе на минимум.

Ова Франција ја означи како земја со висок степен на ризик од терористички напади, заедно со повеќе од 30 други земји во светот, почнувајќи од летувалиштата во Турција и Шпанија, па до со војна уништените Либија и Ирак..

И покрај тоа мал е бројот на туристи кои одлучиле да ги откажат патувањата во оваа земја, јавуваат голем број туристички компании.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Магазин

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.