Занимливости
Дали е во ред да лажеме во врска со Дедо Мраз?
Како родители, знаеме дека Дедо Мраз не постои, но дали тоа значи дека споделувањето на овој мит со нашите деца е лажење? Ако Дедо Мраз не е дел од вашата семејна традиција или култура, тогаш нема ни потреба да размислувате да го поттикнувате тоа верување кај вашите деца. Но ако се мачите околу тоа дали да ја кажете вистината во врска со Дедо Мраз или не, можеби ќе ви олесни впечатокот дека тоа нема да и наштети на имагинацијата на вашите деца.
– Децата на возраст од четири, пет, шест, па и седум години, живеат во она што го нарекуваме магични години на живот во фантазија, вели д-р Бенџамин Сигел, професор по педијатрија и психијатрија на Медицинската школа при Универзитетот во Бостон. „Тие се под влијание на она што го гледаат и слушаат околу нив. Силно се возбудуваат од карактерите во нивниот живот, кои за нив имаат посебно значење“. Меѓу тие карактери се суперхероите, чудовиштата, животните, па дури и Дедо Мраз.
Постојат многу начини да ги поттикнете вашите деца да бидат добри, а приказната за Дедо Мраз е само една од нив. Сигел укажува на тоа дека Дедо Мраз за повеќето семејства е весел човек со помошници, кои им носи подароци на добрите деца. Се разбира, постојат приказни за јаглен во чорапа за немирните деца, но тешко дека ќе најдете дете кое добило нешто такво утрото по Нова Година.
Она што родителите треба да го постигнат е вредноста која сакат да ја постигнат во свеста на нивните деца, и дали тој мит поттикнува морал. „Секоја култура има бајки или митови кои припаѓаат на историскиот идентитет“, вели Сигел. „Ако митовите се добри и зборуваат за споделување и помагање на луѓето околу вас, тогаш тоа е навистина убаво“.
За многу семејства, возбудата да се оставаат колачиња за Дедо Мраз, гледањето на санката низ прозорецот која лета во ноќта, станувањето рано наутро за да се отворат подароците и споделувањето на сето тоа оди, во прилог на вербата дека Дедо Мраз е посебен и единствен во тоа семејство. Таа традиција е причината зошто толку родители ја кажуваат приказната за Дедо Мраз – затоа што и тие ја научиле додека растеле.
Керолин Јоргенсен, мајка на две момчиња која има блог на Morningsidemom.com, ги запознала децата со Дедо Мраз затоа што тоа било природно, иако понекогаш се чувствувала и погрешно.
– Никогаш не размислував за опцијата да им кажам на моите деца дека постои Дедо Мраз, вели таа. „Но еднаш го сторив тоа, и се изненадив кога се почувствува дека сум згрешила. Ги лажев моите деца. Едниот син ме гледаше и очекуваше од мене да му го објаснам светот, а јас му кажував дека тој дебел човек облечен во црвен костум кој крадешкум се провлекува во нашиот дом еднаш годишно, е вистински како и тревата пред куќата. Како капак, моето прво дете неколку годни се плашеше од Дедо Мраз“.
Додека нејзиниот син го надминувал стравот од човекот во црвен костум, Јоргенсен сфатила зошто родителите воопшто им кажуваат на своите деца за Дедо Мраз: заради магијата. „Тоа е фантастично, зарем не? Подарок за секое дете кој се појавува под новогодишнотата елка“, вели таа. „Возрасните не ја разбираат таа магија. А колку би било убаво да се има такво чувство“.
Ако решите дека Дедо Мраз ќе биде дел од вашата семејна новогодишна традиција, тогаш постојат повеќе начини како да ја кажете таа приказна. Ќе се изненадите кога ќе откриете дека постојат купишта книги за Дедо Мраз во локалната библиотека кои чекаат да бидат причитани.
Постојат книги за еколошката свесност на Дедо Мраз и за животни, дури и за диносауруси кои се облечени како Дедо Мраз. Има приказни за Дедо Мраз кои вклучуваат полуларни ликови, како Кордурој или Љубопитниот Џорџ. Многу родители можеби се држат за традиционалната „Ноќта пред Божик“, која сега ја има во многу варијации. Можете исто така да побарате и илустрирани Библии за деца, за да дадете религиозна перспектива и да пронајдете книги за историјата на Свети Никола.
Не постои правилен или погрешен начин да се каже приказната за Дедо Мраз. „Некои празнични книги се емоционални и тешки, други се забавни и раскошни. Тоа зависи од детето“, вели Мариса Конер, координатор во Јут сервис за јавните библиотеки во областа Балтимор. „Откриваме дека наште семејства ни се нешто многу блиско. Многу родители сакаат да пренесат нешто во што верувале додека биле деца, она од кое тие се возбудувале“. Која книга и да ја одберете, целта е да го поттикнете вашето дете да сонува.
– Како наставник и како човек, знам дека тие книги за фантазии ја поттикнуваат имагинацијата, вели Конер. „Децата во еден момент ќе научат во што треба да се верува, а во што не. Тоа е радоста на животот. Ни овозможува да научиме за различни карактери“.
Родителите се загрижени дека ќе мораат да ја прекинат магијата за нивните деца и да ја растурат сета нивна визија за Божик. Сепак, многу деца самите го дознаваат ова на возраст помеѓу седум и осум години, вели Сигел. И кога ќе дознаат, тие во основа не се збунети. Сигел наведува студија која открива дека децата кои ја дознале вистината можеби ќе се вознемират, но не толку колку што ќе се вознемират нивните родители.
– Многу деца се во ред кога ќе дознаат дека митот не е вистински, вели тој. „Понекогаш родителите се чувствуваат многу лошо, затоа што сакаат нивните деца да продолжат да веруваат во Дедо Мраз. Можеби родителите го сакаат митот затоа што тоа прави тие да се чувствуваат убаво, или затоа што децата се разочарани од родителите кога самите ќе ја дознаат вистината. Децата сфаќаат дека родителите не се толку моќни, но тоа секако и ќе се случи во адолесценцијата“.
Јоргенсен признава дека се плаши за денот кога нејзините синови ќе ја дознаат вистината. „Кога ќе помислам дека моите синови следниот ден нема повеќе да веруваат, одеднаш сум тажна. Кога нема да веруваат, тогаш Божик ќе се смени и за мене, нели? Сосема. И јас ќе ја загубам магијата“. Сепак, Јоргенсен исто сфаќа и дека за создавање на божикната магија треба многу труд, и би било фино да се прекине со вечерните скришни талкања по домот за да се постават подароците за големите очекувања на децата.
Без разлика дали вашите деца сами ќе откријат, или од некое постаро дете на игралиштето или од вас, постојат начини да се справите со разочарувањето.
Ако се вознемирени за тоа што сте ги лажеле, прифатете го разочарувањето и прашајте ги за нивните чувства, препорачува Сигел. Можете да објасните дека Дедо Мраз е мит кој вашето семејство решило да го негува. Можете да им кажете „Дедо Мраз е дел од Божик, а ние веруваме во Божик“. Сигел препорачува споредба со приказните за првите паднати запчиња или за бајката за велигденското јајце, и да го поттикнете вашите деца да ја запомнат забавата и возбудата која го прави тој настан толку посебен.
Децата исто така треба да имаат можност да откријат што значи Дедо Мраз за нив. Можеби ќе ги изненадат родителите кога ќе им откријат дека отсекогаш знаеле за тоа, но сепак со радост ја играле играта.
Се додека нивните деца не го дознаат тоа, родителите можеби ќе посакаат да уживаат во магичниот свет на Дедо Мраз, кој тие помогнале да се создаде. Се разбира, Дедо Мраз можеби вистински не постои, но вербата во него неколку години може да биде исклучително забавна, дури и за родителите.