Магазин
Дали Кејт Мидлтон ќе дели трофеи на Вимблдон: Што велат организаторите?
Принцезата од Велс редовно го посетува Вимблдон и им доделува трофеи на победниците на тенискиот турнир. Вимблдон започнува на 1 јули, а иако Кејт Мидлтон е далеку од очите на јавноста по нејзината дијагноза, организаторите на турнирот се надеваат дека принцезата ќе ја продолжи традицијата и ќе ги додели трофеите и оваа година.
Претседателката на „All England Lawn Tennis and Croquet“ Деби Џеванс, изјави за Телеграф Спорт дека ќе и дадат на принцезата Кејт „што е можно поголема флексибилност“.
„Се надеваме дека принцезата од Велс ќе може да ги претстави трофеите како покровител на клубот, но приоритет се нејзиното здравје и закрепнување. Се уште не знаеме ништо. Сè што кажавме е дека ќе работиме со неа и ќе дадеме колку што е можно повеќе флексибилност, не знам кој би доделил трофеи како алтернатива. Остануваме флексибилни.“
Кејт Мидлтон е голем љубител на тенисот, а и самата е покровител на клубот „All England Lawn Tennis and Croquet“ . Но, бидејќи и е дијагностициран рак, таа не ги извршува службените должности.
„Како што знае секој што поминува низ хемотерапија, има добри и лоши денови. Моето лекување е во тек и ќе продолжи уште неколку месеци… Се надевам дека ќе направам неколку јавни ангажмани во текот на летото“, изјави Кејт претходно.