Магазин
Дали сте доволно храбри за спуштање на најголемиот глечер во Европа?
На фотографиите кои настанаа во длабочините на глечерот Ватнајекидл може да се видат најразлични несекојдневни глетки. На некои од нив авантуристите палат оган за да се загреат, на друга турист стои на работ на реката која тече низ средината на глечерот.
Овие ентузијасти се подготвени на жртвување за да овековечат некои од најфасцинантните глетки во светот пред пештерите да се стопат.
– Некои од пештерите кои ги фотографирам бараат пешачење со крампонки по пет километри во еден правец, а други спуштање со јаже и повторно качување, вели Ејнар Рунар Сигурдсон, 48-годишен локален водич.
– Некои од нив се полни со вода, така што можам да ги посетам само во зима кога е најстудено и кога водата замрзнува доволно па можам да одам по неа. Некои пештери се многу нестабилни, дури и во текот на зимата, така што не ги посетуваме иако изгледаат многу убаво, додаде тој.
Ватнајекидл покрива површина од 8.200 квадратни километри, а на своите најдебели делови е дебел еден километар. Од околната област е прогласен за национален парк во 2008 година.
Сезоната на замрзнати пештери трае од ноември до март.