Даниел Редклиф открива: „Бев заљубен во колeшка на снимањето“
Ѕвездите на франшизата Хари Потер повторно се обединија и ги кажаа љубовните тајни меѓу колегите на снимањето, но сите беа изненадени од веста во кого бил заљубен Хари Потер.
Даниел Редклиф (32), Ема Вотсон (31) и Руперт Гринт (33) повторно се обединија со остатокот од оригиналната екипа на прославата на 20-годишнината од првиот филм за Хари Потер и разговараа за тоа што се случувало зад сцената.
Даниел, кој дебитираше како момче волшебник во „Хари Потер и Каменот на мудроста“, започна со благодарност.
– Се чувствувам многу среќен што сум таму каде што сум и што имам ваков живот. Но, ништо од тоа неби било можно без Хари Потер. Тоа беа многу добри десет години – изјави Даниел.
Актерите ги открија тајните кои се случувале зад сцената. Даниел признал дека бил заљубен во Хелена Бонам Картер (55) која ја глумела Белатрикс Лестрејнџ.
Читајќи ја пораката што еднаш и ја испратил на актерката, тој рекол: „Драга ХБК, ми беше задоволство да бидам твој колега и „подметач“, бидејќи на крајот секогаш го чував твоето кафе. „Те сакам и посакувам да сум се родил десет години порано за да имам шанса“.
И не беше единствениот на кого му се допадна колега од актерската екипа. Актерот Метју Луис (32), кој го играше Невил Лонгботом, рече: „Имаше бескрајни симпатии, луѓето се забавуваа, имаше многу паузи“.
Ема била вљубена во Том Фелтон (34) кој го играше Драко Малфој.
– Том беше оној со кој можев да бидам поранлива. Ништо романтично никогаш не ни се случило. Едноставно се сакаме и тоа е се што можам да кажам – признала Ема.
Ема имаше само 11 години кога излезе првиот филм. Даниел имаше 12, а Руперт Гринт, кој го играше Рон Визли, имаше 13 години. Сите три детски ѕвезди признаа дека нивните подоцнежни филмови им биле потешки.
– На последниот ден од снимањето само се сеќавам дека сите се држевме, сите тројца бевме целосно уништени – додала Ема.
– Секој дел од мојот живот е поврзан со Потер. Мојот прв бакнеж беше поврзан со некој овде, моите први девојки беа тука. Сето тоа дојде од Хари Потер и сега сите сме вистинско семејство – рече Даниел.
„Harry Potter 20th Anniversary: Return to Hogwarts“ премиерно ќе се емитува на 1 јануари 2022 година на HBO Max.