Занимливости
Данска добива вештачка скијачка патека на покрив од фабрика
Данска не е позната по ски спортовите. Во непосредна близина на Копенхаген постои само една и тоа многу кратка природна ски патека – Роскилде. Но, следната година главниот град ќе ја добие своја прва снежна атракција.
Покривот на една „зелена“ електрична централа ќе се претвори во кружна ски патека.
Електраната „Amagrer Bake“ што од отпад произведува електрична енергија ќе ја добие најдолгата вештачка ски патека во светот.
Патеката долга 440 метри ќе има четири нивоа, а најтешкиот спуст под агол од 45 степени ќе биде долг 180 метри.
Фабриката согорува околу 400.000 тони отпад годишно, што, пак, обезбедува доволно енергија за 60.000 домови, а единствен „отпад“ во овој процес е чистата вода.
Процесот на изградба почна во 2013 година, а фабриката ќе биде отворена на 1 декември.
Кружната ски патека на нејзиниот покрив е дело на данските архитектури од „Brajke Ingels grupe“, кои се прославија со револуцинерните архитектонски концепти низ целиот свет.