Занимливости
Данскиот принц и подари на сопругата остров вреден десет милиони долари
Данскиот принц Фредерик на сопругата Мери за нејзиниот 45-ти роденден ја изненади со посебен подарок, јавија австралиските и британските медиуми, прецизирајќи дека купил остров за кој платил десет милиони долари и го нарече Мери.
Извор близок на данското кралско семејство рече дека се работи за остров во Тасманија.
Мери е од Австралија и многу е поврзана за татковината и поради тоа Фредерик сакал тоа да биде едно од островите кои припаѓаат на Тасманија, островска австралиска сојузна држава