Занимливости
Децата на принцот Вилијам ќе бидат деверчиња на венчавката на Хари
Децата на принцот Вилијам – Џорџ и Шарлот ќе бидат деверчиња на свадбата на неговиот помлад брат, принцот Хари и глумицата Меган Маркл.
Меѓу девериците и деверчињата ќе бидат и децата на една од најдобрите пријателки на Меган Маркл, пренесуваат британските медиуми.
Кралското семејство минатата седмица соопшти дека придружбата на невестата ќе биде составена само од деца, бидејќи Маркл не можела да бира меѓу своите пријателки.