Магазин
Децата треба да ги избегнуваат газираните сокови
Лекарите апелираат дека на децата не треба да им се даваат газирани пилајаци.
Полни се со шеќер и на телото му даваат празни калории, кои се претвораат во масти и со тоа прават нашите деца да бидат дебели, се зголемува опасноста да заболат од дијабетис, бидејќи газираните сокови ја намалуваат способноста на организмот да го метаболира шеќерот.
Исто така овие пијалаци лошо влијаат врз работата на црниот дроб, а фосфорната киселина од газираните сокови го менува составот на урината и го забрзува создавање на камења во бубрезите.
Дека газираните сокови ги расипуваат забите веројатно веќе знаете. Проблемот е во тоа ја нагризуваат забната глеѓ и го поттикнуваат создавање на забен камен.
И на крајот она што родителите најбргу можат да го забележат ако на своите деца им даваат газирани пијалаци се лошиот сон, нервозата и вознемиреноста, што е последица на кофеинот, кој се наоѓа во некои газирани сокови.