Занимливости
Дел од авионот каде најмалку се чувствуваат турбуленциите
Турбуленциите секако не се пријатни, особено кај оние лица кои имаат фобија од летање или имаат чувствителен желудник, но во секој дел од авионот не се чувствуваат подеднакво.
– Во суштина, најмалку се чувствуваат во средината на авионот, посочува професорот Андреас Строхмајер од Универзитетот во Штутгарт.
Тој вели дека авионот најмалку се тресе на местото каде крилјата се спојуваат со трупот.
Исто така, патниците што седат во средината на авионот најмалку ја чувствуваат и промената на насоката на леталото.
Спротивно од тоа, турбуленциите најмногу се чувствуваат во задниот дел на авионот