Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ДЕН ПОТОА: Како да ја намалите главоболката и мамурлакот по најлудата ноќ во годината?

Ви препорачуваме

ДЕН ПОТОА: Како да ја намалите главоболката и мамурлакот по најлудата ноќ во годината?

Ако не сакате утрото по прославата на Нова година да се разбудите со главоболка и желба да прикачите црево со вода, прочитајте ги овие совети.

Алкохолот делува како диуретик, што значи дека после пијанството бубрезите произведуваат повеќе урина. Поради тоа доаѓа до дехидрација, а со самото тоа и главоболка, нервоза…

Освен тоа, нивото на шеќерот во крвта опаѓа затоа што организмот произведува премногу инсулин обидувајќи се да „одговори“ на високата содржина на шеќер кој се наоѓа во алкохолот.

Затоа после пијанката имате чувство дека главата ви пулсира, а секој шум го слушате како удар во тапан.

Од некои пијалоци главата повеќе боли

Стручњаците твдат дека одредени пијалоци значат и полош, скоро неподнослив мамурлак. Причината за тоа е што некои алкохоли содржат различни хемикалии кои им даваат боја и вкус.

„Алкохолните пијалоци со потемна боја во себе имаат повеќе од тие хемикалии, кои придонесуваат утредента да се разбудите мамурни и со главоболка“, предупредуваат докторите. Затоа, црвеното или црното вино кај вас ќе предизвика страшен мамурлак, отколку да речеме, бело вино или ракија, водка.

Постојат докази дека од пенливите пијалоци, шампањското на пример, брзо ќе ве „фати“

Виновникот за тоа е јагленородниот диоксид кој се наоѓа во меурчињата, а кој ќе го забрза протокот на алкохол низ вашиот организам. На истиот начин и пивото делува на организмот.

„Тоа не мора нужно да значи дека и мамурлакот ќе биде полош, но овие пијалоци секако ќе ве поттикнат да пиете се повеќе“, објаснуваат докторите.

Постои и теорија дека никако не би требало да мешате алкохолни пијалоци доколку не сакате да се разбудите со чувство дека главата ви е тешка.

„Поголем број пијалоци значи и дека во некои од нив се наоѓа голем број на различни хемикалии кои со мешање ќе ги внесете во организмот“, објаснуваат докторите.

Сепак, ниту тоа што цела вечер ќе пиете ист пијалок не може да ве спаси од главоболка. Се, секако, зависи од тоа колку ќе испиете и колку хемикалии тој пијалок содржи.

Сигурно некој некогаш ви рекол: „Немој да пиеш на празен стомак“, а тоа навистина помага. Варењето на храната ќе го успори делувањето на алкохолот во организмот и нема така брзо да се напиете.

„Масната храна пред пијанката долго ќе го задржи алкохолот во организмот, па ќе ви треба подолго да се отрезните“, изјавил гастроентерологот Ник Ред.

Се препорачува пред да почнете да пиете, во организмот да внесете вода, за организмот подолго да остане хидриран.

Ако веќе одлучите да пиете алкохол, стручњаците тврдат дека подобро е да се држите до пивото, отколку да речеме до виното, затоа што пивото во себе содржи повеќе вода, па нема толку да го дехидрира организмот.

Многумина тврдат дека денот по пијанката им помагаат лекови за главоболка.

„Лекот ибупрофен во овој случај има многу подобро дејство да речеме од парацетамолот, но доколку веќе имате проблем со стомакот поради големата количина на алкохол кој сте го испиле, овие лекови само ќе ја влошат ситуацијата“, објаснуваат докторите.

Додека некои стручњаци тврдат дека чаша вода пред спиење може да ги ублажи симптомите од мамурлакот, специјалистот Енди Досон смета дека чаша млеко е подобро решение.

„Млекото е ефикасно во борбата против мамурлакот“, вели Досон.

„До мамурлак доаѓа поради ниското ниво на шеќер во крвта и дехидрацијата која ја предизвикува алкохолот, поради што по пијанката ќе имате мигрена – затоа пред тоа испијте чаша млеко“.

Досон тврди дека млекото доволно ќе го хидрира организмот, дека ќе го зголеми нивото на шеќер во крвта, но и ќе делува на бубрезите намалувајќи го производството на урина. Тоа значи дека на забава нема да морате на секои две минути да трчате до тоалетот, но и дека главоболката утредента ќе биде помала.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Ви препорачуваме

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.