Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Денови на шведска кујна во ресторанот „Дистрикт“ во хотел Мериот

Магазин

Денови на шведска кујна во ресторанот „Дистрикт“ во хотел Мериот

Денови на шведската кујна се организираат во Дистрикт ресторанот на Мериот Хотел Скопје од 9 до 19 јуни под мотото „Taste SweDish“. Во текот на овие десет дена посветени на гастрономијата и несекојдневните специјалитети, скопјани ќе имаат можност да ги вкусат шведските традиционални оброци приготвени на автентичен начин.

За содржината на менито и приготвувањето на специјалитети ќе се погрижат шефот на ресторанот Дистрикт, Петер Татар заедно со најпознатиот шеф во Шведска, Магнус Албректсон. Со оглед на тоа што ресторанот Дистрикт има отворен галериски поглед на кујната, гостите ќе ја имаат исклучителната можност, достапна само тука, да набљудуваат како се создава кулинарската магија со подготовката на најпознатите шведски специјалитети.

Сите ексклузивности на скандинавската кујна, послужени во уникатниот, модерен и автентичен ентериер на ресторанот Дистрикт, ќе овозможи дополнително уживање за гостите. Заедничкото мајсторство на шефовите Татар и Албректсон ќе им ги претстават на гостите спецификите на скандинавската кујна и типичните манири во дневната исхрана или оброци за специјални пригоди, а ќе имаат можност да вкусат шведско говедско рагу, гравлакс на тост или шведски ќофтиња со лингонбери бобинки.

Ресторанот Дистрикт и Мериот хотел го организираа настанот Денови на шведската кујна во соработка со Амбасадата на Кралството Шведска во Република Македонија.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Магазин

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.