Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Десетгодишно момче преживеа 30 часа во дивина

Занимливости

Десетгодишно момче преживеа 30 часа во дивина

Американецот Малахи Бредли (10) преживеа 30 часа сам во дивина, благодарение на техники за преживување што ги научил од својот татко, откако во неделата изутрина се загуби на планината Уинта, во сојузната држава Јута, додека бил на излет со своето семејство. 

Момчето околу 10:30 по локално време тргнало во шумата да собира печурки за ручек. По половина час неговиот татко се загрижил и почнал да го бара, а подоцна повикал и полиција.

Малахи се загубил и не знаел како да се врати до езерото, но наместо да паничи тој се сетил на советот од својот татко. – Пред една недела кампувавме со своите другари и игравме игри, што би правеле ако се загубиме, изјави еден од роднините на Малахи.

Десетгодишниот Малахи побарал засолниште под карпа, сам уловил риба и ставил маица околу нозете за да се стопли.

– Се засолнив меѓу карпите за да не бидам на удар на ветрот. Менував позиции како што ветрот го менуваше правецот, изјави Малахи.

Полициски хекикоптер го пронајде Малихи на околу осум километри од местото каде влегол во шумата. Тој исчезна во неделата наутра, а вратен е на семејството во понеделник околу 15 часот по локално време.

Момчето било гладно и исцрпено, но немало никави повреди. Пред 11 години во истата шума исчезна 12-годишно момче, што никогаш не е пронајдено.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.