Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Десетте најдобри плажи во светот за 2017 година се….

Магазин

Десетте најдобри плажи во светот за 2017 година се….

Сајтот „Трип Адвајсор“ го објави списокот на најубави плажи во светот заради што вашиот одмор годинава може да изгледа како сте во рајот. Плажите се избрани врз основа на гласовите на туристите.

На прво место се наоѓа плажата „Баја до Санчо“, во бразилскиот архипелаг Фернандо де Нороња. Туристите таму се привлечени од кристално чистата вода што е идеална за нуркање на песочните плажи.

Плажата „Грејс“, на островите Туркс и Каикос, се најде на второ место. Туристите истакнуваат дека таму се привлечени од неверојатната боја на водата и празната плажа.

На листата се и неизбежните Карибите. Плажата Игл, во Аруба, ги привлекува туристите со белиот песок и тиркизното море.

Плажата Рај или како што на Куба ја нарекуваат Параисо, во местото Кајо Ларго дел Сур, се најде на четврто место. Луѓето кои сакат одмор без врева и голем број луѓе, на оваа плажа ќе уживаат затоа што е оддалечена од населбите и нуди вистинско природно задоволство.

Оние, пак, кои сакаат забава треба да одат на плажата Сиеста, на Флорида. Таму има колиби каде може да се јаде, има простор за одбојка, игралиште и соби за одмор.

Во Топ 10 се наојде и Ла Конча, во Шпанија, Норте, во Мексико, Радханагар во Индија, Елафониси во Грција и Галапагос во Пуерто Ајора на Галапагос.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Магазин

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.