Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Десетте најтешки објекти на светот

Занимливости

Десетте најтешки објекти на светот

Порталот „24/7 Вол Стрит“ објави топ 10 листа на најтешките објекти во светот. Истражувањето е спроведено врз основа на податоци од Гинисовата книга на рекорди, американскиот Национален институт за стандарди и технологија и неколку други научни извори.

Тежината на речиси сите објекти е утврдена со помош на проценки, а најтешкиот објект кој е директно измерен, е круглата ротирачка структура на една од лансирните рампи на Вселенскиот центар „Кенеди”, која тежи 2.200 тони.

Листата 10 најтешки објекти на светот изгледа вака:

1. Големиот кинески ѕид – 52 милиона тони,
2. Хидроелектраната „Брана на три кањони” во Кина – 9,4 милиони тони,
3. Кеопсовата пирамида во Египет – 5,4 милиони тони,
4. Нафтената платформа Гулфакс-Це во Северното Море – 1,4 милиони тони,
5. Кранот ССЦВ Тиалф – 952.000 тони,
6. Палатата на Парламентот во Букурешт, Романија – 726.000 тони,
7. Носачот на авиони „Нимиц“ – 92.500 тони,
8. Товарниот воз во Западна Австралија – 90.500 тони,
9. Подводниот комуникациски кабел (под океанот) – 80.000 тони,
10. Обелискот во Вашингтон – 73.600 тони.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.