Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Детето треба да учи на „потешкиот“ начин

Занимливости

Детето треба да учи на „потешкиот“ начин

Понекогаш родителот треба да се дистанцира за да биде пообјективен во однос на детето. Многу може да се научи од набљудувањето на однесувањето на детето во играта и односот кон играчките.

Ако второто дете побара игрчака, не му сугерирајте на првото дете да ја позајми играчката, туку дозволете му само да одлучи како ќе постапи.

Обично родителите на второт дете не се грижат еднакво како за првото, па тоа има поубаво детство и можност повеќе да научи само. Обидете се со првото дете да не се однесувате премногу заштитнички бидејќи тоа не е од голема помош.

Иако родителот сака по секоја цена да избегне солзи и болка кај своето дете, обидете се да се ставите во улогата на детето.  И самите многу често лекцијата ја учиме дури кога ќе ги почувствуваме последиците на сопствена кожа. Додека не постои голема опасност по детето, дозволете му само да истражува и да учи.

Немојте да реагирате дури и ако забележите дека детето донело погрешна одлука. Кога првпат ќе  ги почувствува последиците бидете покрај него, но не со настап „ти реков“, туку објаснете му што можело да научи од дадената ситуација.

Дозволете му на детето да има свој став. Не забранувајте му на детето да грижи само за себе, бидејќи нема секогаш да бидете покрај него.

Учењето на потешкиот начин често резултира со некоја повреда, солзи и физичка болка, понекогаш детето и емоционално ќе биде повредено, но тоа е дел правилното одрастување.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.