Занимливости
Дрвени очила од Хрватска за 80. роденден на папата Франциско
Папата Франциско следната недела, за својот 80. роденден, ќе добие необичен подарок од Хрватска – очила со дрвена рамка, изрезбана од гранка од дрво на маслинка старо 1.600 години, а кое расте на островот Бриони.
Подарокот ќе го врачи брачена двојка Виктор и Санда Јеромел, кои веќе подолго време се занимаваат со изработка на спортски реквизити, а Виктор е посебно вешт во обработка на дрво.
– Цело време мечтаев како би било убаво да направам дрвени очила за Светиот татко, но долго време го барав соодветниот материјал. на крајот го најдов, кога на Бриони видовме откината гранка од дрво од маслинка, старо 1.600 години. Во договор со властите на Бриони, успеав да добијам мало парче од гранката и така почна целата приказна, раскажа Виктор.
Брачната двојка в среда лично ќе му го предаде подарокот на папата и ќе му го честитаат јубилејот.