Душко Тошиќ се заразил со корона среде скандалот со семејно насилство
Сопругот на контроверзната српска пејачка Јелена Карлеуша (43), Душко Тошиќ (36) е позитивен на коронавирусот, пренесуваат бројни српски медиуми.
Тошиќ денеска добил позитивен тест за коронавирусот, а како што дознаваат медиумите боледува од потешка форма со пневмонија.
Се уште не е познато каде се заразил фудбалерот и дали се лекува во болница.
За потсетување, Јелена Карлеуша го пријави сопругот Душко Тошиќ за семејно насилство на православен Божиќ, откако тој наводно и удрил шамар и ја плукнал за време на празничниот ручек. Полицијата за инцидентот поднесе извештај до белградското обвинителство, а обвинителството нареди да се вклучи во случајот и социјалната служба и да ги испитува сите односи во нивното семејство.