Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Дваесет работи кои не сте ги знаеле за најголемата држава во светот

Магазин

Дваесет работи кои не сте ги знаеле за најголемата држава во светот

Дека Русите се специфичен народ гледаме од ден во ден. Нема што нема во оваа голема држава која се простира на два континента. Сепак постојат некои факти за кои знаат само ретки:

1. Русија е едиствена држава во светот која излегува на 12 мориња.

2. Планинскиот ланец Урал, кој дели Русија на европски и азиски дел е најстар планински синџир во светот.

3. Санкт Петербург е најсеверниот град во светот со популција од над милион жители.

4. Површината на Сибир е 9,7 милиони квадратни километри, што е девет отсто од вкупната земјина површина.

5. Русија никогаш немала робови. Феудалниот период во Русија траел пократко отколку во Англија, така што земјата не развила таков систем.

6. На 6.01.1820 година рускиот истражувачите Тадеус Белингсхаузен и Михаил Лазарев го открија Антарктик.

7. Една од најпопуларните игри Тетрис го креираше рускиот програмер Алексеј Пазхитнов.

8. Иван Грозни не бил голем тиранин. За време на своето владеење бил многу нежен во споредба со европските лидери.

9. Периодот на чекање на два воза во подземната станица во Москва е пократок отколку каде било на друго место. Во сообраќајниот метеж следниот воз максимално се чека 90 секунди.

10. Половина од град Чељабинска се наоѓа на Урал, а другата половина во Сибир. На грбот на градот е прикажана камила. Денес ги нема, но тука живееле пред 200 години, кога градот бил важно место за средби на каравани.

11. Не многу одамна во Москва живееле повеќе милионери, отколку на кое било друго место во светот.

12. Руската национална библиотека е најголема во Европа и втора по големина во светот. Таа е основана во 1862 година.

13. На денот на отворањето на првиот Мекдоналдс во Москва со 700 места за седење, пет илјади луѓе формираа ред преку плоштадот на Пушкин, веќе во пет часот утрото. Првиот работен ден ресторанот послужи три илјади гости. И денес е најпосетен Мекдоналдс во светот.

14. Градот Суздал се простира на 15 квадратни километри и има само десет илјади жители, но и 53 цркви.

15. Руските научници ги измислиле ТВ, електронскиот микроскоп, хеликоптер, бомбардер, видео-рекордер, фотографија во боја, вештачко срце, бензински мотор, комбајн, пиштол, синтетичка гума, радио, дупчалка, проектор, периоден систем на елементи, електрична подморница, детергент и уште многу други работи.

16. Русија има најмалку 15 тајни градови. Тие не се прикажани на камапите и до нив нема патоказ.

17. Руски рибар во 1930 година улови есетра која во себе имала 245 килограми кавијар.

18. Секој владетел од династијата Романов на својот наследник му оставил поголема држава отколку што ја добил за време на своето владеење.

19. Градскиот парк во Москва е многу поголем од најголемите градски паркови на метрополата. Исмаиловскиот парк е со површина 15,35 километри квадратни и со самото тоа е шест пати поголем од Централ парк во Њујорк.

20. Русија се смета за европска земја, но 2/3 од нејзината територија се наоѓа во Азија.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Магазин

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.