Видео
Две жени се скараа, па силите си ги измерија преку своите автомобили (ВИДЕО)
Две жени направија општ хаос на паркинг во Лос Анџелес, приредувајќи сцена како од филмот „Брзи и бесни“.
Наводно, се почнало кога едната и го пресекла патот на другата, а потоа оваа ја застанала на најблискиот паркинг.
– Мислев дека сака на паркингот да размениме податоци околу осигурувањето, но таа ме турна наземи и почна да ме клоца. Викаше: „ми го пресече патот“, а јас повторував дека ми е жал, но не сум го сторила тоа, рече за Ен-Би-Си 33-годишната Јаја Шабаж од Атланта, сопственичката на Тојота РАВ-4, која одела нагости кај својот брат во во Лос Анџелес.
Потоа, другата жена извадила чекан од своето Бе-Ем-Ве Икс-3 и почнала да удира по другото возило. Шабаж во тој момент влегла во својот автомобил и почнало демолирањето
– Не сакав никого да повредам, само сакав да избегам од паркингот, ги правда Шабаз своите неколку удари во Бе-Ем-Ве-то.
Од полицијата неофицијално известуваат дека тие две веројатно се познаваат од порано, како и дека ги кријат вистинските причини за тепачката.