Занимливости
Двојка од САД си го крсти бебето Eклипс (затемнување)
Брачна двојка од Јужна Каролина, САД, го крсти своето бебе Eклипс (сончево помрачување), бидејќи се роди на денот на природниот феномен.
Фридом Јубенкс ја раскажа својата приказна за „Гринвил њуз”. На пат кон болницата, таа и нејзиниот сопруг Мајкл си рекле – доколку девојчето се роди на денот на еклипсата, да ја крстат – Eклипс.
Eклипс се родилa вo 08:04 часот утрото, со тежина од речиси три килограми, и со косичка по целата глава.