Видео
Егзибиционист од Кина ја сними својата смрт (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)
Кинезот Ву Јонгнинг (26), кој важеше за Јутуб ѕвезда, настрада по пад од врв на 62-катен облакодер, обидувајќи се да изведе акробација, при што изгубил контрола над рацете.
Телото го пронашол чистач на прозорци, а несреќниот случај го забележала токму камерата што Ву ја поставил на соседната зграда за да го сними својот „потфат“.
Смртта ја потврди и неговата девојка, која притоа наведе и дека немилиот настан се случил два дена пред да побара дозвола од нејзините родители да ја запроси. Всушност, тој со новото екстремно видео сакал да заработи за подарокот што сакал да им го даде ним.
Кинезот беше познат по снимање опасни видеа од голема висина, а оваа снимка требаше да биде само една во низата.
https://www.youtube.com/watch?v=FPb7q_M5A3w