Магазин
Егзотичниот хотел во кој се одржа Сингапурскиот самит
Првата средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун се одржа во егзотичниот хотел Капела, на островот Сентоса во Сингапур.
Двајцата лидери беа сместени во хотел со 5 ѕвезди, распослан на неколку резиденции опкружени со бујната вегетација на островот. На самиот имот има два голф терена, тематски парк, многубројни заеднички и приватни базени. Комплексот се наоѓа на пет минути пешачење од плажа.
Тука е и спа-центрот, како и погледот на море од секоја соба. Библиотеката на хотелот освен литература, нуди и бесплатни грицки и пица преку целиот ден.