Магазин
Ексклузивна презентација од светски познатиот дизајнер Кристијан Рот
Кристијан Рот, дизајнерот чии безвременски креации на очила ги надградуваат најуникатните модни стилови ќе ја претстави сржта на неговата инспирација во „Dioptra Couture“ во понеделник, 08.05.2017, во Скопје.
Водени од желбата секој да ја има можноста да го истакне својот карактер Dioptra Couture заедно со Dita Eyewear го предизвикуваат конвенционалното секојдневие нудејќи производи кои совршено го надополнуваат авангардниот моден стил.
Кристијан Рот уште од самите почетоци се здобил со репутацијата на дизајнер кој го поткопува секојдневието поставувајќи ги темелите на индустрискиот дизајн на очила. Неговите очила прв пат се појавиле на врвните модни писти во 1985 година. Во овие години Рот преку макотрпна работа со италијански и француски фабрики се здобил со комплетна и неизмерна почит од модната индустрија. Неговата соработка со Мајкл Корс и Карл Лејгерфелд дополнително ја зацврстиле неговата позиција. Неговите дела ја добиле најголемата чест на изложба во Милано во 2002 година на која се покажало дека со неговите напори Рот успеал да ги претстави очилата како нешто повеќе од моден додаток.
Dioptra Couture преку соработката со Dita Eyewear и со претставување на моделите на Кристијан цели кон тоа секој да ја има можноста да ја истакне уникатноста на својот карактер. Овие очила надополнуваат сечиј стил. Урбаната авангарда е основоположник на модерниот моден стил. Нудејќи ги темелите на истата Dioptra Couture генерира безвременска изјава на карактер за секого. Покрај врвните дизајнерски очила овој салон има и модели по пристапни цени за сечиј вкус.