Занимливости
ЕКСПЕРТИТЕ ПОРАЧУВААТ: Почнете го денот со парче торта!
Додека повеќето нутриционисти не советуваат рано наутро да каснеме житарки, омлет или овошје, Лиз Москоу вели да го почнеме денот со – торта.
Таа тврди дека со торта (едно парче од средна големина) за појадок, најлесно се согоруваат калориите, оти наутро метаболизмот ни работи „најбрзо“ и цел ден е пред нас. Така, имаме доволно за преработка на тоа парче тортата, а и желбата за нешто слатко ќе ни биде задоволена.
Многу други податоци пак, говорат дека чоколадото го зајакнува мозокот и ни помага подобро да се концентрираме.
Сепак, без претерување, се си има мерка.