Занимливости
Елизабет Холмс ја доби наградата „најмлад милијардер на светот“
Основачот на компанијата „Теранос“, Елизабет Холмс ја доби наградата на магазинот „Форбс“ за најмлад милијардер на светот.
– Се чувствувам како да сум родена да го правам тоа, рече Холмс за време на доделувањето на наградата на Самит на успешни луѓе помлади од 30 години на „Фирбс“.
Таа нагласи дека она што ја инспирирало да создаде иновативен начин за тестирање на крвта, бил нејзин личен страв од игли, додавајќи дека нејзината алтруистичка мисија и работна етика треба да претставува инспирација за многумина.
Во индустријата која, како да е алергична на млади луѓе и нови идеи, Холмс се потруди да предизвика други поединци да го променат здравствениот систем, што и донесе грома почит и пофалби.
Наградата на Холмс и ја предаде претседателот на компанијата „Бауме ет Мерсије“, Руди Чавез.
– Добро е кога сите сме добри, но, јас верувам дека основно право е секој да има пристап до своите здравствени информации, рече Холмс.
Нејзиниот совет до сите присутни на самитот гласеше: „Кога имате страст, немојте да се повлечете или да отстапите кога ќе наидете на некоја пречка“.
– Пречки ќе има многу и сите ќе ги совладате. Во тоа е суштината на победата, рече Холмс.