Магазин
Евровизиските победници се вратија дома: Најавија турнеја низ Европа за собирање средства за Украина
Членовите на бендот „Kalush Orchestra“ застанале кога ја преминувале полско-украинската граница и со насобраниот народ ја пееја својата песна „Stefania“, која победи на Евровизија.
Воодушевените обожаватели кои се најдоа на полската граница почнале да ја пеат победничката песна и да го скандираат името на бендот.
Бендот се сретна со обожаватели и украински војници кои сакаа да се фотографираат со нив. Тие беа пречекани со сино-жолти цветови и со украинското знаме.
⚡️ Kalush Orchestra returns to Ukraine after Eurovision win.
The Ukrainian band gave an impromptu performance of the winning song, "Stefania," for the members of Ukraine's State Border Guard Service after crossing the border on their way home.
Video: Eurovision Ukraine/Telegram pic.twitter.com/KkRQEfBxfR
— The Kyiv Independent (@KyivIndependent) May 16, 2022
За потсетување, музичарите добија специјална дозвола да ја напуштат Украина и покрај законот со кој им се забранува на работоспособните мажи да ја напуштат земјата разурната од војна, а по победата тие се вратија во Украина и ќе се борат за својата земја.
По пристигнувањето дома тие изјавија дека ќе соберат пари за војската и добротворните организации на нивната земја преку турнеја низ Европа.
Фронтменот Олег Псјук изјави дека бендот ќе објави на Инстаграм каде ќе се одржи турнејата. Тој додаде дека и победничкиот трофеј ќе биде ставен на аукција, а приходите ќе бидат наменети за поддршка на украинската армија.