Занимливости
Езеро во Русија секој август станува розово (ФОТО)
Езерото Бурлинскоје во Алтаија во Сибир е специфично по тоа што секој август добива розова боја. Причина за тоа е зголемениот број на микроорганизми под името Артемиа салина, кои живеат во водата.
Но, овој феномен почнал да се појавува порано од претходните години поради зголемената температура и климатските промени. Ова езеро е најголем извор на сол во западниот дел на Сибир.
Како што пишува Siberian Times, руската царица Катарина Велика во свое време одбивала секаква сол, освен таа од езерото Бурлинскоје.
Пред да стане розево, сината боја на езерото преовладувала кога е сончево, а кога е облачно добивало сива боја.