Магазин
ФОТО: Димитар, Сара и Мартин ја претставија тајната до доброто здравје
Викендот којшто измина го одбележа најголемиот интерактивен настан за здрав животен стил во Македонија, Health, Fitness & Wellness Expo, кој беше наменет да ги промовира здравите навики и повисокиот квалитет на живот и траеше од 25 до 27 септември во просториите на Александар Палас.
Вчера љубители на спортот и здравиот начин на живот имаа можност да ја почувствуваат вистинската енергија и да се вклучат во Спининг часот кој беше организиран од најмодерниот фитнес и спа–центар, Synergy Fitness & Spa.
Со тоа сите учесници и посетители на Health, Fitness & Wellness Expo во Александар Палас кои беа синоќа таму имаа можност да се вклучат во Спининг часот заедно со Димитар Атанасовски, ,Сара Мејс и пливачот Мартин Стефановски.
Спининг часовите во Synergy Fitness & Spa кои се водени од лиценциран спининг тренер, се вистински начин да го размрдате вашето секојдневие и да останете во одлична физичка кондиција и добро здравје.