Занимливости
ФОТО: Оваа тетоважа пренесува две пораки од два различни агли
Бека Мајелс ставила тетоважа на своето лево бедро. Но тетоважата, од аголот на набљудувачот може да се прочита како: Јас сум добро, додека од аголот на сопственичката на тетоважата: Спаси ме.
Девојката, која има 21 година, напиша на Фејсбук дека тетоважата е на вистинското место.
– Тетоважата секогаш ме потсетува дека некои луѓе само изгледаат добро, а всушност не се, напиша Бека.
Фотографијата стана многу популарна на социјалните мрежи и ја виделе повеќе од 200.000 лица.
– Ве молам и натаму да ја споделувате. Ова е начин да го смениме аголот на гледање на луѓето кои не знаат како им е на оние кои страдаат од депресија, вели таа.