Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ФОТО: „Солар Импулс 2“ пристигна во Индија

Магазин

ФОТО: „Солар Импулс 2“ пристигна во Индија

Швајцарскиот авион на соларен погон „Солар Импулс 2“ синоќа пристигна во Индија, завршувајќи ја втората етапа од неговиот лет околу светот со помош на мотори на сончева енергија.

Авионот вчера во раните утрински часови полета од аеродормот во оманскиот главен град Маскат и по 16 часа лет и изминати 1.465 километри, слета во индискиот град Ахмедабад.

На првата етапа од летот во понеделникот, „Солар Импулс 2“ за нешто повеќе од 12 часа прелета 400 килоемтри од Абу Даби до Маскат.

Во текот на пет месеци, планирано е двајцата швајцарски пилоти, 57-годишниот Бертран Пикар и 62-годишниот Андре Боршберг, да прелетаат 235.000 километри и да се вратат во Абу Даби, заобиколувајќи ја земјината топка исклучиво летајќи само на соларен погон.

Од Индија, „Солар Импулс 2“ ќе замине за Мјанмар и Кина, по што ќе тргне на прелет преку Тихиот Океам до САД, од каде преку Атлантикот треба да пристигне во јужна Европа и потоа да го продолжи патот до Абу Даби.

Предвидено е целиот лет да биде спроведен во 12 етапи.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Магазин

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.