Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ФОТОГАЛЕРИЈА: Футуристичка визија и експериментални форми на првата ревија на Ивана Кнез

Магазин

ФОТОГАЛЕРИЈА: Футуристичка визија и експериментални форми на првата ревија на Ивана Кнез

Футуристичка визија, експериментални форми и многу драма ја обележаа првата ревија на модниот креатор и дизајнер на накит, Ивана Кнез.

Промовираната колекцијата есен-зима 2015-2016 е насловена како Addict што говори за еден нов сензибилитет кај жената. Addict жената е со високо развиена самосвесност за своите потреби и несопирлива желба да се реализира и изрази себеси преку изгледот притоа претставувајќи една своја поинаква сензуалност.

„Addict е колекција наменета за модни зависници. Самоуверени жени кои знаат точно што сакаат. Колекцијата разработува женско тело и силуета и главен интерес е експресија на индивидуален стил. Материјалите се современи, 3D принтани, боите се монохроматски со акцент на плавата се појавува игра во форма и фокусот е во на масивниот футуристички накит од плексиглас“, изјави креаторката Ивана Кнез.

Кнез во својата последна колекција експериментира и со формата и со изборот на материјали, со користење на трико во силуетни форми и со повремените провејувања на силни пораки во 3Д принт. Футуристичкиот израз е дефиниран и преку изборот на силни, едноставни форми со прави линии и кроеви во еден минималистички манир, со избор на основните чистите бои, бела, црна и сината како трансцендентен лајтмотив. Сето тоа е надополнето со изборот на накит изработен од плексиглас, препознатлив за Драма Студио и транспарентните чанти.

Креаторот Ивана Кнез, под модниот бренд Драма создава веќе 5 години и во овој период се претстави како моден креатор со визија и силна симболика во развојот на секоја од колекциите. Жената, силна, моќна и самосвесна е секогаш во фокусот на моделите на Ивана Кнез.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Магазин

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.