Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ФОТОГАЛЕРИЈА: „Моден викенд“ ден два помина во знакот на младите домашни дизајнери

Магазин

ФОТОГАЛЕРИЈА: „Моден викенд“ ден два помина во знакот на младите домашни дизајнери

Вториот ден од единаесеттото издание на Моден викенд Скопје кое продолжи вчеравечер во катната гаража „Солунски конгрес“ помина во знакот на младите домашни дизајнери и дизајнери од Србија и Косово.

Модното случување започна со групната ревија на студентите од Факултетот за Арт и Дизајн при ЕУРМ : Даниела Савиќ, Андријана Јованова, Бранкица Тодорова, Саранда Садики, Едора Сулејмани, Есма Казим, Веранда Халили, Радмила Ѓеоргиева, Ана Камчева, Анастасија Чадо, Ивана Костадиноска, Марија Настеска и Ивана Николова. Професорите од ЕУРМ го презентираа проектот „Артерија-Антерија“ составен од изложби, инсталации и перформанс на проф. Јана Манева-Чупоска во кој беа вклучени пејачката Ребека, тв водителките Ирена Спировска и Снежана Богдановска- Јаначковска , кастинг директорката на Моден викенд Скопје Ирина Илиевска и манекенките од модната агенција „Подиум“.

Дизајнерите Алмир Мили со својата мини колекција наречена „Титуба“ и Ивана Цветковска со колекцијата „Street style“ и дадоа поддршка на кампањата „Стоп за насилството врз жените и девојчињата- сега!“ кон која се приклучи и Моден викенд Скопје.

Косовската дизајнерка Флутура Дедиња по вторпат презентираше колекција пред македонската публика. Колекцијата е составена од 15 креации базирани на драпирање и експериментирање со агли од различни димензии, ефекти од ласерско сечење и кожни детали на различни материјали.

Ирина Тошева поддржана од My: Time ја прикажа колекцијата наречена „Енхалон“ за која вели дека е „составена од разиграни принтови и интересни кроеви , мек сензуален памук и сјаен штоф сатен кои ќе ја разбрануваат вашата фантазија“.

Вториот ревијален ден го затвори ревијата на српската дизајнерка Јована Марковиќ која ја претстави колекцијата за есен/зима 2015/2016.

Вечерва се одржува последниот ден на единаесеттото издание на Моден викенд Скопје со ревиите на модните куќи „Менакон“ и „Hera Couture“ ,„ Linea Collection“, ФА-БУ, Дејан Тодоровиќ и Олгица Ѓоригева во соработка со Prima Danza.

Посетителите ќе можат да ја видат и модната инсталација наречена „Џинсоманија“ на „Фешн Груп Македонија“ во соработка со блогерката Јована Зука и меѓународната фото изложба „Модата и културното наследство“ организирана од Британски совет во Македонија и Британскиот моден совет.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Магазин

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.