Ви препорачуваме
ФОТОГАЛЕРИЈА: Новата колекција на Timberland создадена за модерни патеки
Брендот ја редефинира природата и го охрабрува потрошувачот да го креира својот пат
Timberland долго време e познат и почитуван бренд за надворешни услови. Оваа есен, со глобалната маркетинг кампања која гласи „Создадени за модерни патеки“, Timberland ја редефинира облеката за надворешни услови, доближувајќи ја до градот, каде живее една нова генерација на трагачи по авантура.
Платформата – Создадени за модерни патеки, ги слави секојдневните авантури кои доаѓаат спонтатно и ги исполнуваат животите на потрошувачите во денешното градското окружување. Есенската колекција на Timberland ни дава целодневна разновидност, издржливост на временските услови и адаптиран стил за овој активен и урбан животен стил.
„По поминати три години разговарајќи со повеќе од 18.000 потрошувачи од осум држави, добивме важни увиди во она што природата значи за денешниот потрошувач. Tипичното надворешно окружување игра значајна улога за нашиот клиент, но исто така значи истражување на патиштата, соседствата и тротоарите кои сѐ уште не се проодени, понекогаш и во самите градови“– објасни Џим Дејви, потпретседател на глобалниот маркетинг за Timberland. „Создадени за модерни патеки не е само место, туку и возбудливо движење напред кон нешто ново и непознато. Со тоа што дигитално сме поврзани, никогаш не се знае која е следната можност, така што адаптирањето е клучен елемент. Есенската колекција на Timberland ги опремува модерните пионери со стилот кој им е потребен кога нивниот пат се менува постојано и секојдневно. “
„Создадени за модерни патеки“ е патување низ градските улици, непредвидливото време и планови направени во последен момент, а Timberland ја овозможува разновидноста во обувките, модните парчиња и додатоци кои им дозволуваат на потрошувачите да се движат без да се грижат. Каде и да нѐ носи денот – преку промени во температурата и теренот или кон рафинирани ноќи – прилагодувањето е фундаментално за секоја комбинација. Ова е инспирацијата при дизајнирањето на колекцијата обувки, облека и додатоци, која е презентирана преку неколку различни капсулни линии.