Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ФОТОГАЛЕРИЈА: Ревијата на Росица Мршиќ го отвори ревијалниот дел на „Моден викенд Скопје“

Магазин

ФОТОГАЛЕРИЈА: Ревијата на Росица Мршиќ го отвори ревијалниот дел на „Моден викенд Скопје“

Ревијалниот дел на единаесеттиот пролетен Моден викенд го отвори ревијата на Росица Мршиќ вчеравечер во катната гаража „Солунски конгрес“.

Креаторката Мршиќ која е препознатливата по експериментите со кроевите овојпат ја презентираше колекцијата за актуелната сезона пролет/лето 2015 година.

„Колекцијата е дефинирана од три термини: асиметрија, контраст и униформа, реализирани со меѓусебната спротивност на употребените бои: млечно бела, црна, сончево жолта и длабока црвена. Идејата за изгледот на силуетата е да се претстави лесна, современа и женствено комфорна нота. Природните материјали во комбинација со структурата на ткаенините го надополнуваат целосниот изглед и додаваат лежерна линија“, вели Росица Мршиќ.

Со оваа колекција креаторката ја започнува осмата година на континуирано пласирање авторски колекции.

Моден викенд Скопје продолжува вечерва со групна модна ревија на студентите од Факултетот за арт и дизајн при ЕУРМ наречена Артерија-Антерија и истоимената изложба на професорите од ЕУРМ, модните ревии на Ивана Цветковска, Алмир Мили, Флутура Дедиња, Ирина Тошева поддржана од My:Time и Јована Марковиќ.

Вечерва ќе бидат презентирани и маичките дизајнирани од Алмир Мили и Ивана Цветковска со кои ја поддржаа кампањата „Стоп за насилството врз жените и девојчињата-сега“ на Канцеларијата на УНДП во Скопје.

Веднаш по ревиите и вечерва ќе има Red Bull забава во кафулето Concept 37.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Магазин

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.