Магазин
ФОТОГАЛЕРИЈА: Уникатен матурски изглед со брендовите на Fashion Group
Се уште не сте одлучиле што ќе носите на вашата матурска прослава? Тогаш овие предлози се само за вас!
Bata за понежниот пол предлага чевли со сребрен дезен од змиска кожа или пак елегантни сандали во крем и индиго сина боја, надополнети со кристали за полуксузен изглед. Момчињата може да бираат од широкиот асортиман на чевли – Оксфордки, бродарици, сафари или Дерби чевли во различни бои и нијанси.
Bitsiani изработи специјален каталог за машките матуранти, кој претставува одличен водич за некои основни работи кои треба да се почитуваат или пак да се научат за да имате соодветен свечен изглед. Во него може да се најдат примери како да комбинирате различни бои и дезени, неколку начини да врзете вратоврска, како да носите смокинг, правилно комбинирање на вратоврска пеперутка и џебно марамче, совети за надоградување на вашиот стил и оддржување на различни типови на чевли. Корисен прирачник кој треба да го поседува секое момче за да прерасне во маж со стил.
Во Celio* момчињата може да бираат помеѓу полежерен или посвечен стил за матурската вечер. Од кошули со шарен принт, до класични палта и панталони во земјени бои.
Од мултибрендот Fashion & Friends, момчињата и девојките имаат голем избор. Понежниот пол може да најде свечени, елегантни комбинации во светли бои од брендовите Guess, Gaudi, Maison Scotch, Amsterdam Blew, Replay или Desigual, а посилниот пол ќе најде штосни палта во Diesel, кошули со интересен дезен од New Zealand и Scotch & Soda.
Geox нуди голем избор на посвечени сандали кои се издвојуваат од останатите брендови со својата удобност. Оксфордките за момчињата се секогаш сигурен избор за свечен изглед, но за полежерен стил, брендот нуди еспадрили или мокасини кои ќе ја комплетираат целата комбинација.
Доколку девојките сакаат да стават акцент на нозете, освен со правилниот пар чевли, треба да се внимава при изборот на хулахопки или чорапи. Golden point нуди шарени хулахопки, со интересни дезени кои ќе направат да се разликувате од останатите, но за оние кои сакаат посуптилен дизајн или пак се одлучат за едноставни и еднобојни хулахопки, брендот го има тоа што ви е потребно.
Со Hugo Boss никогаш нема да погрешите. Момчињата кои сакаат посериозен и поелегантен изглед на матурската вечер, можат да ја направат својата комбинација во овој бренд, кој ќе направи да изгледате како да сте излегле од моден каталог. Од овој бренд може да се „опремите“ од глава до петици. Од свечени одела, до посебни палта и панталони во сини и крем нијанси, како и модни додатоци кои ќе го „зачинат“ вашиот изглед и ќе ви помогнат да изгледате модерно и луксузно.
Mango е често изборот на девојките кога бираат што да облечат за матурската вечер. Така, брендот секогаш има да понуди свечени и елегантни фустани или панталони и кошули, во најразлични бои и кроеви. Исто така, има широк изборот на чевли и модни додатоци, кои ќе го надополнат матурскиот изглед.
Модните додатоци веќе нема да ви претставуваат проблем, бидејќи португалскиот бренд Parfois ги има правилните аксесоари. Нараквици, ѓердани или обетки со кристали во најразлични бои и форми, ќе одговараат на секаква комбинација. Исто така, чантите се неизбежен дел од изгледот, па тука може да изберете модели во пастелни бои кои нема да го одвлекуваат вниманието од другите аксесоари.
Долната облека е многу важна за девојките, бидејќи доколку изгледот вклучува фустани или кошули кои се проѕирни, мора да бидете сигурни дека бојата на градникот ќе одговара и ќе се совпадне со она што го носите, не треба да биде контрастен и да се разликува. Во Women’secret може да најдете долна облека од различни материјали, нијанси кои ќе се совпаднат со вашата матурска комбинација. Исто така, доколку носите нешто без ракави, задолжително треба да се снабдите со градник без врвки, а од овој бренд може да најдете различни модели.
За поопуштен изглед на момчињата и девојките, може да ги пронајдете вашите матурски парчиња во Springfield. Машките можат да избираат од тексас кошули, кошули со принт или пруги, во комбинација со палта со интересен дизајн. Девојките пак можат да бираат од цветните модни парчиња облека, како кошули или пак комбинизон.
За урбаните момчиња Timberland нуди панталони во силни бои како жолта, зелена, црвена, сина, додека за горниот дел, карираните кошули или оние со суптилен дезен или пак едноставни еднобојни кошули се соодветен избор, кои правилно треба да се искомбинираат со соодветниот ремен и пар чевли. Девојките кои ќе се одлучат за полежерен стил, но истовремено сакаат да бидат модерни, можат да го пронајдат идеалниот пар кожени чевли во земјени бои од овој бренд.
Запомнете, за совршена матурска забава, потребно е да ја направите идеалната комбинација, но она што е најважно е да се чувствувате удобно и да имате насмевка на лицето, бидејќи таа го комплетира изгледот. Не заборавајте да се забавувате и препуштете се на моментот.