Занимливости
Француски свештеник почина среде божиќна миса
Свештеник почина за време на миса којашто тој ја предводел на Бадниковата вечер во црква во Бретања на северозападот на Франција. Тој имал 45 години, како причина за смртта се наведува срцев удар.
На свештеникот му се слошило уште на почетокот на мисата. А, кога колабирал, лекарите од Брза помош не успеале да го реанимираат, соопштија властите.
Локални медиуми наведуваат дека свештеникот е од Конго, а во Сен-Ан д’Ор бил во шестодневна посета.