Занимливости
Фудбалер ја шутнал топката и ја пронашле 1.600 километри подалеку
Кога еден фудбалер на шкотскиот клуб Бенкс о’Ди од Абердин ја шутнал топката в река, сите мислеле дека никогаш повеќе нема да ја видат и не се обиделе ниту да ја бараат.
Но топката минала неверојатен пат. Преку реката Ди завршила во море, а 1.600 километри подалеку ја пронашол жител на островот Ван, во северниот дел на Норвешка.
Тој на топката го прочитал името на клубот и му кажал на својот пријател, кој испратил електронска пошта во Шкотска.
– Поздрав. Имате најдобри шутери на светот. Еден мој пријател ја најде вашата топка на морскиот брег. Долго време патувала, малку е валкана, но со неа може да се игра, пишува во писмото.
Во клубот не можеле да поверуваат кога го читале мејлот. Тие ќе се обидат да организираат дочек за Норвежанецот, кој ќе биде почесен гостин на натпреварот.