Георгина е бремена: Кристијано Роналдо повторно ќе добие близнаци
Еден од најдобрите фудбалери во историјата, Кристијано Роналдо (36), повторно ќе стане татко.
Португалецот и атрактивната Георгина очекуваат близнаци.
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед објави фотографија на која заедно со неговата долгогодишна девојка Георгина Родригез (27) ги покажуваат фотографиите од ехо-прегледот.
Тој веќе има 4 деца: 11-годишниот син Кристијано Џуниор, 4-годишните близнаци Ева Марија и Матео и 3-годишната ќерка Алана Мартина која ја доби со Георгина.
-Со задоволство можеме да соопштиме дека очекуваме близнаци. Срцата ни се полни со љубов – едвај чекаме да ги запознаеме #благословени“ – напиша Роналдо до фотографиите.
Оваа фотографија веќе има над 26 милиони допаѓања со што стана фотографија од некој спортист со најмногу „лајкови“.