Видео
ГЛЕТКА КАКО ОД ФИЛМ: Погледнете ја убавината на островот Сокотра (ВИДЕО)
Пејсажот на островот Сокотра изгледа како да доаѓа од некој научно фантастичен филм, а всушност природата тука еволуирала така што изгледа како некој „загубен свет“.
Островот се одвоил од копното на африканскиот континтент пред шест до седум милиони години и природата тука ја покажала сета своја креативност и раскош. Сокотра денес е мал архипелаг, составен од четири острови, кој се наоѓа во Арапското Море и е дел од Јемен.
Слично на Галапагос, кој е познат по неверојатно богатите диви животни, Сокотра е дом на околу 800 ретки видови на флора и фауна, од кои една третина не може да се најде на ниту едно друго место во светот.
Сместен во Индискиот Океан на околу 250 километри од Сомалија и 340 километри од Јемен, овој остров се состои од песочни плажи, варовнички пештери и планини.
Поголемиот дел од годината тука владеат неподносливи жештини и пустински услови, што довело до препознатливиот изглед на растенијата на островот. Стеблата и растенијата се развиле на начин на кој можат да ги поднесат негостољубивите услови на живот, а некои видови се стари дури 20 милиони години.
Само Хаваи, Нова Каледонија и Галапагос имаат повеќе ендемски видови, од островот Сокотра.
Центарот за блискоисточни растенија, кој е дел од Кралските ботанички градини во Единбург спроведе истражување и преброи дури 307 растителни видови, кои постојат само на ова место.