Видео
ГО РАСПЛАКА СВЕТОТ: Погледнете ја божиќната реклама на „Епл“ (ВИДЕО)
Американскиот информатички гигант „Епл“ објави нова реклама по повод претстојните божиќни и новогодишни празници, која расплака многу луѓе ширум целиот свет.
Рекламата се вика „Празникот на Франкештајн“. Франкенштајн, чии лик во рекламата го игра Бред Гарет, е човек од кого се плашат локалните жители. Но, тој сака да се дружи и на Божик оди плоштадот во неговото селото и под украсената елка почнува да пее песна.
Во почетокот сите го гледат со голем страв, се додека со него не почнува да пее и едно девојче. Наското сите пејат, а очите на Франкештајн се полни со солзи.
Секако, во прв план на рекламата е Ајфон, а екипата која стои зад сето ова порачува: „Отворете ги срцата за сите“.